Мајк Тајсон (58) важи за еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот.
Легендарниот Ајрон Мајк ги доби своите први 19 борби со нокаут, од кои 12 во првата рунда.
Со само 20 години стана најмладиот шампион во тешка категорија во историјата и тој рекорд го држи и до ден денес.
На врвот на кариерата беше од 1987 до 1990 година, кога ја имаше титулата светски првак.
Денес, Тајсон е вклучен во шоу-бизнисот, од глумење во филмови до организирање егзибициони натпревари. На еден таков меч следниот месец би требало да ги одмери силите со Џејк Пол.
Тајсон даде интервју за американскиот GQ, во кое одговараше на прашања поставени од фановите на социјалните мрежи. Така откри дали навистина има фарма со марихуана и зошто му го одгриза увото на Ивандер Холифилд во легендарниот натпревар.
Еден фан се прашуваше како Тајсон мисли дека ќе помине во улична борба и како ќе помине во рингот против Флојд Мејведер, непоразениот шампион во лесна категорија.
„Во улична борба би го скршил Флојд, тоа воопшто не е сомнеж, но да бевме со иста големина, мислам дека ќе ме победи на поени во рингот, има одлична техника“ – изјави Тајсон.