Тајни агенти во кабинетот на шефицата на бугарската дипломатија

by Фокус

Министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, ангажирала агенти на тајните служби од комунистичкиот режим кои во бугарското МНР ќе работат како советници на возраст од околу 70 години, пишуваат бугарските медиуми.

Во кабинетот на Генчовска, на функцијата шеф на кабинет треба да седне Петјо Петев, роден 1956 година, кој порано бил соработник на тајната полиција под името „Динов“.

Потоа, меѓу советници се споменуваат и Петар Воденски, доушник на тајната полицијата кој работел во Генералштабот на Бугарската народна армија, Иван Петров, кој работел во државната безбедност…

Сепак, најзвучното име е поранешниот шеф на бугарската тајна служба Петко Сертов, кој исто така наводно требало да добие функција кај новата министерка.

Новоименуваниот премиер Кирил Петков, незадоволен од ваквата постапка, изјави дека ваквата практика ќе биде прекината следната недела.

-Секој министер има право да го предложи својот тим, но тогаш ние во коалицискиот тим разговараме за тоа. Овие луѓе нема да бидат именувани – изјави бугарскиот премиер.

Инаку, Генчовска е кадар на Има Таков Народ на Слави Трифонов. Таа својот професионален живот досега го минала токму во безбедносните структури во земјата.

Поврзани новости