Вооружен возрасен маж беше застрелан од страна на припадници на Тајната служба на САД во недела наутро надвор од Белата куќа, објави агенцијата веднаш по инцидентот.
Претседателот Доналд Трамп не бил во Белата куќа во недела наутро.
Според шефот за комуникации на Тајната служба, Антони Гуљелми, Тајната служба добила информација за „суицидална личност“ која патувала кон Вашингтон од Индијана. Гуљелми изјави во соопштение дека припадниците на Тајната служба забележале личност која одговара на описот во близина на Белата куќа и ја пронашле нејзината паркирана кола.
Како што се приближуваа, лицето извадило огнено оружје и настанал вооружен судир, при што нашите припадници испукале истрели“, изјави Гуљелми.
Лицето било пренесено во болница, а неговата состојба останува непозната.
Тајната служба на САД изјави дека нема повредени меѓу нивните припадници.
Одделот за внатрешни работи на полицијата на Вашингтон ќе ја води истрагата за инцидентот, рече Гуљелми, бидејќи тие се основна агенција која е одговорна за испитување на пукањата во кои се вклучени полицајци во округот Колумбија.