392
Напаѓачот кој денеска уби најмалку 34 лица, меѓу кои и деца во градинка во североисточниот дел на Тајланд, ги убил и својата сопруга и детето, а потоа се самоубил, изјави портпаролот на полицијата.
Тој рече дека напаѓачот бил поранешен полицаец, кој претходно бил отпуштен од работа поради дрога.
Меѓу жртвите имало најмалку 22 деца
Пукањето се случило во градинка во Нонг Буа Лампу.
Како што јави Би-Би-Си, напаѓачот денеска со огнено оружје и нож ги убил своите жртви.