Универзитетскиот професор Сефер Тахири вели дека кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе ја доживее истата судбина што ја доживеа Тито Петковски на претседателските избори во 1999 година, кога освои околу 60.000 гласови помалку од Борис Трајковски.
Според Тахири не постои можност за договор меѓу опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и партиите од албанскиот блок како би предизвикале предвремени парламентарни избори.
–Села и Касами, сите се свесни за актуелното политичко расположение на Албанците во однос на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска. Јас не велам дека во иднина Албанците ќе се најдат во некое вкрстување на патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тоа може да се случи со едно реформирано ВМРО-ДПМНЕ. Со овој дискурс, со изјавата, видете, се обидувам да ви објаснам само со еден пример. Судбината на Силјановска ќе биде судбината на Тито Петковски во 1999 година. Не велам дека Пендаровски ќе ја има судбината на Борис Трајковски во 1999 година, но приближно ќе биде истото – рече Тахири во емисијата „360 Степени“ на Алсат М.
Тој ја коментираше кампањата на Силјаноска во првиот круг од изборите.
–Ние имавме изјави, според мое мислење, чудни, за жал такви беа на госпоѓа Силјановска во кампањата, не влегувајќи во анализаата на историјата на проценки и нејзини ставови, за многу прашања, за Охридскиот договор, Законот за територијална организација, Законот за јазиците… ние имавме изјава која ако ја парафразирам е вака – зошто Македонија да не биде држава на Македонците исто како што може да биде Србија на Србите, Грција на Грците, Бугарија на Бугарите. Независно на толкувачкиот контекст кој може да се даде таа изјава е кажана во контекст, Македонија е национална држава, и националниот идентитет не е етнички идентитет, и не мислела таа дека тоа што се зборуваше за политичкиот наратив, не е мислено да каже дека Македонија е сопственост, или дека треба да биде само на Македонците. Јас можам да го објаснам аспектот на прифаќање и рецепирање на гласачот Албанец на оваа изјава. Оваа изјава кај Албанците се чита текстуално вака, Македонија е чиста етничка држава на македонскиот народ и само на Македонците, и другите нема што да бараат тука – рече Тахири.