Тагесшау: Свињите не можат да се заразат со коронавирус

by Fokus

По појавата на коронавирус во  германската фабрика за преработка на месо „Тениес“, бројот на новозаразени во областа Гитерсло значително се намали во последните неколку дена. Социјалните медиуми објавија објаснување за тоа дека свињите се вакцинирани против коронавирус и затоа не можат да го пренесат новиот вирус на човекот.

-Дури и да имало ваква вакцина, таа не би била неопходна затоа што свињите се отпорни на новиот коронавирус Сарс-Ков-2, пишува германскиот Тагесшау.

Научниците пред неколку месеци проучувале дали животните од фармите како што се кокошки, мисирки и свињи можат да бидат заразени со коронавирусот и притоа заклучиле дека свињите и кокошките не се подложни на зараза на новиот вирус.

-Во безбедни лаборатории, свињите биле заразени, а подоцна ги префрлиле со други кои биле без вирусот, таканаречени контактни животни. Истражувањата се извршени од три различни институции, но резултатот бил ист во сите три, дека ниту една свиња не е заразена. Ова важи и за птиците како што се кокошки, патки или мисирки, додава Тагесшау. 

Поврзани новости