Tag:

византија

  • Византинејџери

    by fokus
    by fokus

    На моменти, владејачката партија покажува толку многу итрина, што би ѝ завидувале и најпрепредените владетели од некогашната Византија, легендарна по својата превртлива политика. Но често, нашата власт се однесува небаре е разгалено детиште, како тинејџер среде пубертет преплавен со хормони. Таа бизарна комбинација на византиска лукавост со тинејџерска ирационалност може да се означи со неологизмот „византинејџери“.