598
Таен авион со американски ознаки вчера слетал на љубљанскиот аеродром “Брник”. Ова го јавија словенечките медиуми според кои се работи за летало обележано со боите на американската влада.
Авионот полетал од воена база во близина на Вашингтон, слетал на Барник и не бил пријавен како цивилен, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Според информациите на Поп ТВ, се работи за рутински тренажен лет. Леталото е од типот “Боинг Ц40” со ознаки 01-0041. Овие авиони се коритат за “посебни намени”, што според познавачите значи дека се опремени со голем број софистицирани комуникациски системи. Овој тип на летала се користат за воени цели, а во нив се превезуваат и високи државни делегации.