Таеквондистката Мила Рељиќ од таеквондо клубот „Тигри“ постигна нов голем успех на интернационалната спортска сцена. Како што информираат од клубот, Рељиќ освои сребрен медал на Г1 натпреварот во Софија, организиран од Европската таеквондо федерација, на кој учествувале повеќе од 1.000 натпреварувачи од разни земји.
„Освоивме сребрен медал иако заслуживме златен. Со неколку судски грешки од бугарските судии на неколку секунди пред крај, финалната борба заврши со 12:10 за финската натпреварувачка, иако водевме со 8:1“, соопштија од клубот „Тигри“.
Претходно, во периодот од 18-23 февруари, Рељиќ и нејзиниот тренер Александар Ефтимов се вратија со бронзен медал од Европскиот Президенс Куп. Пред неа биле само двајца натпреварувачи од САД и Русија.