Тадиќ: Регионалните популисти Вучиќ, Рама и Орбан преку глувчешки канали го пренесоа Груевски

by fokus

Поранешниот српски претседател, сега лидер на опозициската Социјалдемократската партија (СДС) Борис Тадиќ убеден е дека за време на префрлањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија постоел таен, тивок и организиран договор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и премиерите на Албанија и Унгарија, Еди Рама и Виктор Орбан.

– Зад тоа стои фаланга од регионални популисти кои организираат глувчешки канали за пренесување на осудени криминалци, порача Тадиќ, додавајќи дека не верува во објаснувањето на Вучиќ, бидејќи тој едноставно морал да знае дека неговиот поранешен македонски колега бега низ Србија.

Тој на прес-конференција оцени дека станува збор за организиран договор, бидејќи Груевски беше правосилно осуден за кривично дело и неколку часа го делеа од затвор.

– А ако не знаел, тогаш тој не знае да ја врши својата работа. Тогаш тој е тотален аматер и неук. Тогаш целиот систем е целосно издупчен и ние сме тогаш многу загрозена земја. Има многу причини зошто мислам дека сме загрозена земја, но во овој случај станува збор за очевидно организиран трансфер на човек за кој Вучиќ, Рама и Ѓукановиќ и Орбан знаеле дека само неколку часа го делат од одење в затвор, рече Тадиќ.

Тој тврди дека Вучиќ „намерно лажел“ во интервјуто за ТВ Хепи, обвинувајќи го дека купил „мерцедес” како и Груевски.

– Груевски стори кривично дело на нелегална трговија со своето политичко влијание, истакна Тадиќ и потсети дека поранешниот македонски премиер е снимен како бара возило што ќе биде купено за него.

Поврзани новости