„Задоволување на неправдата“ била казната затвор од три години и два месеци која му беше досудена на лидерот на ДПА, Мендух Тачи за случајот „Титаник 2“. Вака Тачи ја искоментира првостепената пресуда против него.
Тој додаде дека ќе се бори за вистината на сите домашни и меѓународни инстанци. Според Тачи, казната му е монтирана од внатрешни и надворешни фактори, со цел да се извлече ДПА од шините што водат кон НАТО и ЕУ.
– Мислам дека овие трикови се направи од внатрешни и надворешни фактори кои се многу заинтересирани да стават камења на шините по кои се движи локомотивата на ДПА со цел да излета партијата од таа насока. Ние сме лица со големо искуство, нема да паднеме на овие провокации, ќе останеме на шините на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ. Знаеме дека оваа идеја му пречи некому – изјави Мендух Тачи, лидерот на ДПА.
Сепак, лидерот на ДПА, вели дека казната до три години и два месеци нема да влијае на одлуката на неговата партија за поддршка на владиниот кандидат за претседател Стево Пендаровски.