Лидерот на ДПА Мендух Тачи во изјава за медиумите тврдеше дека на состанокот на коалициските партнери вечерва во Влада имало и претставници од Беса, но партијата во соопштение до јавноста демантираат. Тачи вели дека парламентарното мнозинство е стабилно и оти очекува Владата и премиерот Зоран Заев да продолжат да функционираат.
-Конечно најдобрата вест е дека оваа Влада, ова мнозинство продолжува и на 15 декември се надевам дека 99,9 отсто дека ние ќе добиеме датум, изјави Тачи.
Движењето Беса преку социјалните мрежи го демантираше Тачи и рекоа дека лаже.
-Повторно зборувал Мендух Тачи!? Не вреди да се коментира. И во сон му се појавува Движењето БЕСА, дотолку што има халуцинации, и кога нема претставници на БЕСА му се чини дека има. Накратко: Тачи вечерва повторно излажа како и многу пати досега, се вели во реакцијата од Беса.
СДСМ, ДУИ и сите други владејачки партнери, без Беса, во владата одржаа последна координација пред утрешната седница за гласање на недоверба на владата иницирана од опозицијата.