537
Мендух Тачи од ДПА вечерва во студиото на ТВ21 кажа дека со оставката, Заев придонесува за дестабилизација на земјата.
„Сите коалициски партнери имаме договор со Заев. Несериозно е од негова страна. Имаме сериозни предизвици пред нас. Заев е лидер кој покажа дека може да ги води процесите напред. Да, ние имаме 61 пратеник, но реков дека тоа е опасно за државата. Треба силна влада. Се подготвуваат црни сценарија, затоа е важно да имаме стабилна влада.“, рече Тачи.