1.5K
Ова е тотално нефер однесување од Бугарија, тоа е неочекувано после проблемите и спорот со Грција, смета лидерот на ДПА Мендух Тачи. Според него, потребно е да не возвраќаме со ист речник како што го прават тоа бугарските власти.
-Таков луксуз не ни треба. Сепак, се солидализирам со Македонците. Немаме друга алтернатива, оваа битка за идентитетот води преку НАТО и ЕУ. Доколку не ја добиеме битката, мислам дека следи асимилација на државата од Србија или Русија. Храброста е да направи компромис – истакна Тачи.