Лидерот на ДПА Мендух Тачи се пошегува дека не оди на лидерските средби кај претседателот Стево Пендаровски, бидејќи, како што рече, Али Ахмети и Зијадин Села му биле сомнителни од здравствен аспект.
– Тоа беше шега. Мој и став на ДПА уште од првата средба со претседателот, се сеќавате дека средбите со претседателот претставуваат компромитирачка слика за албанските политички сили, две македонски партии, додека 5 -6 албански. Ова го вклучува претседателот, кој сака да манипулира, кој не ги почитува бројките, не ја почитува репрезентативноста и на таа средба реков дека не сакаме да учествуваме во овој маскембал на албанската политика – рече Тачи.
Сепак, тој додаде дека направиле компромис на средбите да присуствува некој партиски функционер за да не оставеле впечаток дека се незаинтересирани.