488
Косовскиот претседател Хашим Тачи објасни дека одбил да присуствува на самитот во Охрид меѓу Зоран Заев, Александар Вучиќ и Еди Рама, бидејќи, како што истакна тој, Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива. Според него, оваа регионална иницијатива е бесмислена се додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.
„Се залагаме за надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само откако тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднаква држава“, напиша Тачи на фејсбук.
Тој додаде дека Србија на првиот самит на оваа нова регионална иницијатива во Нови Сад намерно го занемарила Косово.