Тачи: Путин ми рече „Не можеме да бидеме поголеми Срби од Србија“

by fokus

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол оти Москва во Советот за безбедност на ОН нема да се противи на евентуален договор меѓу Белград и Приштина.

Како што јави Танјуг, повикувајќи се на КТВ, Тачи тврди дека Путин јасно му рекол: „Ние не можеме да бидеме поголеми Срби од Србија“.

Тој наведува дека Путин тоа му го рекол за време на нивната средба во Париз на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Поврзани новости