770
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е олицетворение на антицивилизацијата. Според него, тој се однесува како мафијаш и на крајот, како што вели, ќе биде поразен.
-На крајот Путин ќе загуби. Западот е сериозно решен да стави крај на ова. Не знам дали ова го кажал Мајаковски или Достоевски, но денеска не се истите оние Руси од времето на царска Русија, со култура, со уметност. Кај денешните Руси преовладува неморал, блуд, атеизам – истакна Тачи на ТВ 21.
Тачи вели дека ова што се случува во Украина е војна на Западот против антицивилизацијата.