Тачи: Немој некој да се лаже дека ние Албанците сме задоволни од оваа ситуација

by Фокус

Иако се сметам за еден од најжестоките политичари во битките, секогаш сум внимавал тие битки да не се лични пресметки, вели лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој на овие избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од ДУИ на Али Ахмети, каде уште влегува и Зијадин Села.

-Ние во интегративниот процес тапкаме во место. Мислам дека ќе бидеме смешни пред граѓаните ако се тепаме за мали работи. Ми сметаше последното политичко позиционирање на македонската опозиција, во врска со речникот, мислам на ВМРО-ДПМНЕ, Левица. Тој речник ме потсетува на деведесетите. Рејтинзите покажуваат дека тие се можни победници, ако се победници, да не се договараат со победникот кај албанскиот победнички кампус. Тоа е опасна ситуација – вели Тачи на Трилинг.

Тој смета дека интеграцискиот процес за Македонија е генералниот имунитет на оваа држава.

-Ако не постои интеграцискиот процес, ние сме на милиметар од растурање на оваа држава. Немој некој да се лаже дека ние Албанците сме задоволни од оваа ситуација. Јас никогаш нема да станам ДУИ, и никогаш нема да мислам како Ахмети, иако сме во коалиција…

Тој Изет Меџити нели е познат по таа урбана мафија во Чаир, нели Таравари успеа да купи куќа од милион евра во Скопје. Нели Касами на тетовчаните да им донесе сметка трипати поголема. Речникот на ВМРО-ДПМНЕ, истиот речник го употребува албанската опозиција, тој е антиалбански. Не можам рамнодушно да гледам – рече тој.

Поврзани новости