Тачи му се закани на Аднан Исмаили: Ќе му дадам 10.000 шамари кога ќе го видам!

by Фокус

Лидерот на ДПА Мендух Тачи му се закани на бизнисменот Аднан Исмаили, кој се смета за близок до Алтернатива на Африм Гаши. Коментирајќи ја тужбата со која Исмаили бара 10.000 евра од Тачи за клевета, лидерот на ДПА изјави:

„Ќе му дадам јас 10.000 шамари кога ќе го видам. Не се плашам ни од него, ни од Ердоган ни од Полат…“.

Притоа, Тачи истакна дека Исмаили легализирал објект во Тетово вреден 8 милиони евра, иако, според него, тој бил изграден после законскиот рок, односно после 2011 година.

Поврзани новости