Тачи му порача на Курти: Дијалогот со Вучиќ е неизбежен!

by Фокус

Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа на приштинската телевизија Т7 изјави дека дијалогот со српскиот претседател Александар Вучиќ е неизбежен.

-Него го избра српскиот народ – рече порача Тачи, додавајќи дека Србија се однесува непријателски кон Косово, но, како што рече потребно повеќе да се гледа во иднината.

Ова се смета како порача до новиот косовски премиер Албин Курти, кој првата посета после изборот на функцијата ќе ја оствари во Тирана, каде ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама.

Поврзани новости