940
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на телевизијата Клан ја критикуваше соработката на албанските партии со партијата Левица. Според него, дискурсот на оваа партија покажува дека таа е антиалбанска.
-Левица не ја прифаќа независноста на Косово. Левица го искина документот на кој што пишуваше на албански јазик – вели Тачи.
Притоа, тој истакна дека не се појавува на дискусии во Собранието, бидејќи, како што рече, ќе треба да го истепа Апасиев.