Тачи добил гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски

by Фокус

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на денешната предновогодишна средба со членството и симпатизерите на партијата во Тетово рече дека очекува изборите во април да бидат фер и демократски, а гаранција за тоа биле Европската унија и САД.

-Јас сум добил целосно гаранции и од Брисел и од САД дека изборите ќе бидат фер и коректни што значи дека ако некој се осмели тоа да не се случи овојпат ќе добие пенали, а знаете на кого мислам, рече Тачи.

Што се однесува до очекувањата од изборите, Тачи смета дека нема да има тотална промена, но се надева дека кај Албанците ќе се случи промена, со што ќе има и, како што рече тој, комплетна промена во начинот на владеење.

Поврзани новости