Тачи: Ахмети удри со оружје по оваа држава, Заев направи повеќе за Албанците од него

by Фокус

Многу симпатично ми е што Али Ахмети се бори за Македонија да биде дел од НАТО и ЕУ, а тој удираше со оружје на оваа држава кога ние потпишувавме Договор за асоцијација и стабилизација, рече лидерот на ДПА Мендух Тачи на ТВ 21.

-Не можеме така да ги гледаме работите. Не можеме да заборавиме 10 години власт на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. ДУИ во таа власт немаше никаква одговорност. Единствена среќа е што успеа два пати со математика – изјави Тачи.

Според него, Зоран Заев направил повеќе за Албанците отколку ДУИ, посочувајќи го за пример Законот за употребата на јазиците.

-Требаше да дојде Заев и СДСМ и да се донесе законот за јазиците. Нели, ДУИ ни беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ и не го донесе тој закон порано – рече Тачи.

Тој истакна дека ДУИ биле атракција на, како што истакна, изигрување на фолклор и романтизам за Албанците.

Поврзани новости