Таборот на Касами: Изборот на Гаши нема врска ни со БЕСА ни со Албанците

by Фокус

Од крилото во БЕСА предводено од Биљал Касами го оспорија денешниот конгрес на другата групација, која на денешниот конгрес во Тетово го избра Африм Гаши за нов партиски лидер.

„Денешниот собир претставен како партиски Конгрес нема врска со Движењето Беса и нејзината легитимна и легална структура. Доволно е да се види целосната слика, за тоа кој од поканетите беше во првите редови, а кој во позадина, слободно може да се констатира дека таа група е едноставно собир на здруженија кои се диригираат само од еден центар кој нема врска, не само со Беса туку ниту со Албанците“, реагираа од таборот на Касами.

Инаку, оваа група ќе оддржи конгрес на 24 февруари во Скопје.

Поврзани новости