Табло и контра-табло: „Неработниците и класниот“ и „Државна криминална академија“

by fokus

Откако СДСМ подготви табло со „Неработниците и класниот“, на коешто се објавени фотографии на опозициските пратеници во Собранието на Македонија, на социјалните мрежи е објавено и контра-табло.

-Неработниците и класниот, овие не чинат 55.000 евра месечно, напишаа од СДСМ за „таблото“.

На контра-таблото насловено како „Државна криминална академија“ се објавени фотографии од актуелни и бивши државни и партиски функционери на СДСМ.

Првото табло почна да се споделува откако вчера опозицијата почна со активна блокада на Собранието, а СДСМ ги обвини дека „работат на штета на граѓаните“ и побара да ги вратат платите и патните трошоци.

На првиот ден од блокадата, пак, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера на собраниска седница се појавија со транспарент со порака „Активна блокада за спас од националната катастрофа“.

 

 

Поврзани новости