Таблетата на „Фајзер“ не треба да се зема во комбинација со одредени лекови

Токму затоа, таблетата „паксловид“ во Америка може да се набави само со рецепт од доктор, кој ја знае историјата на пациентот и може да ги менаџира овие потенцијални ризици.

by fokus

Американските здравствени регулатори пред три дена ја одобрија таблетата за третирање на симптомите на корона вирусот во домашни услови од прозводителот „Фајзер“. Таблетата со името „паксловид“ при тестирањето покажа околу 90 проценти ефикасност, а исто така има ограничени нус-појави.

Според американските здравствени регулатори, таблетата не треба да се зема во комбинација со одредени лекови, бидејќи може да предизвика сериозни несакани ефекти.

Според листата објавена од страна на американската Агенција за храна и лекови (ФДА), меѓу лековите кои не треба да се комбинираат со „паксловид“ се: разредувачи на крв; лекови за неправилен срцев ритам, лекови за висок крвен притисок и висок холестерол; антидепресиви и лекови против анксиозност.

Токму затоа, таблетата „паксловид“ во Америка може да се набави само со рецепт од лекар, кој ја знае историјата на пациентот и може да ги менаџира овие потенцијални ризици.

Исто така, според ФДА, овој лек не се препорачува кај пациенти со тешко бубрежно или тешко оштетување на црниот дроб. Кај пациенти со умерено бубрежно оштетување, потребна е намалена доза.

Поврзани новости