Омикрон варијантата на корона вирус е пријавена во 89 земји, а бројот на случаи се удвоил за 1,5 до три дена во областите на пренесување во заедницата, соопшти денеска Светската здравствена организација.
„Омикрон брзо се шири во земјите со високо ниво на имунитет кај населението, но не е јасно дали тоа се должи на способноста на вирусот да го избегне имунитетот, неговата способност да ја зголеми преносливоста или комбинација од двете, наведува СЗО.
На 26 ноември, кратко време откако беше првпат откриен, СЗО го идентификуваше oмикрон како варијанта која предизвикува загриженост, а која сè уште не е доволно позната, како и тежината на болеста што ја предизвикува.
„Податоците за клиничката сериозност на oмикрон се сè уште ограничени. Потребни се повеќе информации за да се разбере ова, вклучително и колку е сигурен постоечкиот имунитет“, се наведува во соопштението на СЗО.
Исто така се додава дека „достапните податоци се сè уште ограничени и нема потврдени докази за ефикасноста на вакцината или ефикасноста за Омикрон“.
СЗО предупреди дека на некои места болниците би можеле да бидат преоптоварени со толку брзиот раст на случаите.
„Хоспитализациите во Обединетото Кралство и Јужна Африка продолжуваат да растат, а со оглед на брзиот раст на случаите, можно е многу здравствени системи брзо да се преоптоварат“, заклучува СЗО