СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони животи на заболени од туберкулоза

by Fokus

Замрзнувањето на американското финансирање за програмите за туберкулоза става во опасност милиони животи ширум светот, предупреди синоќа Светската здравствена организација (СЗО), агенцијата на ОН од која САД планираат да се повлечат.

СЗО проценува дека глобалните напори за борба против туберкулозата, најсмртоносната заразна болест во светот, спасиле повеќе од 79 милиони животи во изминатите две децении, се вели во соопштението.

Сепак, овој напредок е загрозен од замрзнувањето на американската помош од која зависат многу организации, особено во сиромашните земји.

-Ненадејните буџетски кратења сега се закануваат да го вратат тешко постигнатиот напредок во борбата против туберкулозата, „ставувајќи ги милиони луѓе, особено најранливите, на голем ризик, предупредува СЗО.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари потпиша извршна наредба со која се наредува 90-дневно замрзнување на американската странска помош.

Поврзани новости