Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше денеска Светската здравствена организација.
Минатата недела во светот потврдени се 5,7 милиони нови случаи, што претставува пораст од шест отсто, се наведува во неделниот извештај на СЗО за пандемијата од Ковид-19.
Починаа 9.800 пациенти, колку и претходната седмица.
Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека пандемијата и понатаму претставува глобална вонредна состојба.
Според СЗО, најголем пораст во бројот на нови случаи има на Западниот Пацифик и Блискиот Исток. Бројот на смртни случаи бележи пораст во југоисточна Азија и на Блискиот Исток, додека кај остатокот од светот или опаѓа или останува стабилен.