630
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека верува дека постојните вакцини „ќе продолжат да спречуваат сериозни болести“ во случај на инфекција со омикрон.
СЗО минатата недела соопшти дека новиот вид на Ковид-19 е „загрижувачка варијанта“, но портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, оцени дека омикрон не е сој што треба да предизвикува „паника“.
Харис за Би-Би-Си изјави дека целта на мерките е да се крене внимателноста меѓу државите, „но дека не треба да претеруваме“.
Здравствените експерти наведуваат дека новата варијанта на коронавирусот – омикрон сега станува доминантна во Јужна Африка и предизвикува нагло зголемување на новите инфекции.