СЗО уверува: Безбедноста на вакцините е на прво место

by Fokus

Безбедноста на потенцијалната вакцина за корона вирусот е на прво место, изјави денеска главниот научник на Светската здравствена организација, Сумја Сваминанатан откако беше прекинато клиничкото испитување на вакцината од Универзитетот во Оксфорд и АстраЗанека поради сомнежи дека кај еден доброволец дошло до несакани ефекти.

Сваминатан рече дека тоа што се зборува за брзина не значи дека треба да се прават компромиси или да се оди по кратенки за она што би се проценувало во нормални услови.

Таа додаде дека процесот треба да помине низ „правилата на игра“.

– За лекови и вакцини што им се даваат на луѓе, мора да ја тестирате нивната безбедност, пред сè, нагласи Сваминатан.

Конечното клиничко испитување на вакцината против корона вирусот што ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и АстраЗанека беше прекинато откако еден од учесниците во тестирањето имал лоша реакција.

АстраЗанека го опиша прекинот на тестирањето како вообичаена пауза во случај на „необјаснета болест“, пренесува Би-Би-Си.

Поврзани новости