СЗО стравува од епидемија на еболата во Конго

by fokus 13:53
13:53

Светската здравствена организација (СЗО) се подготвува за најлошото можно сценарио поврзано со појавата на ебола во зафрлената област на Демократска Република Конго.

– Тоа значи и ширење на болеста во некој поголем град, изјави денеска заменик генералниот директор на СЗО, Питер Салама.

Тој додаде дека се надева оти ДР Конго во следните неколку дена ќе дозволи развој на експериментална вакцина, но и предупреди дека лекот е комплициран за употреба и не е „магичен куршум“.

Салама, кој  е епидемиолог наведе дека СЗО издаде предупредување за девет држави кои гранчат со ДР Конго, но оти во моментот ризикот од регионално ширење на заразата се проценува како „умерен“.

Претходно,  министерот за здравство на ДР Конго, Оли Илунга изјави дека во северозападниот дел на земјата регистриран е прв смртен случај од ебола.

Во главната болница во градот Бикоро, северозападниот дел на ДР Конго вчера се примени четири нови пациенти за кои постои сомневање дека имаат ебола, изјави директорот на болницата Серж Нгалето.

Тој додаде дека меѓу четврицата новопримени пациенти се и двајца здравствени работници кои имале контакт со инфицираните.

Бикоро е најблискиот голем град до селото Икоко Импенга, каде се појавија првите заболени. Од почетокот на годината откриени се 25 лица за кои постои сомнеж дека се инфицирани, од кои 17 лица починаа.

Од декември 2013 до јуни 2016 година,  според податоци на Светска здравствена организација  во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне починаа над 11.000 луѓе.

Поврзани новости