540
Омикрон мутацијата на коронавирус е откриена во најмалку 38 земји во светот, но се уште не е пријавен ниту еден смртен случај, соопшти Светската здравствена организација.
СЗО предупредува дека би можеле да поминат повеќе недели додека да се утврди колку оваа мутација е заразна, дали предизвикува тешка форма на болеста и колку се ефикасни третманите и вакцините против овој сој, пренесува „Гардијан“.
Во Австралија се регистрирани 13 случаи, а има сомнежи дека заболени со оваа мутација има и во Квинсленд.
Петнаесет случаи на омикрон мутацијата се регистрирани во Канада.
Прв случај на омикрон потврден е и во Грција.