СЗО: Сите нуспојави од вакцините протв Ковид-19 се во надлежност на државите кои ќе ги користат

by fokus

Сите потенцијални нуспојави од вакцините против новиот коронавирус се во надлежност на здравствените тела на земјите, кои ја користат вакцините, изјави денеска портпаролката на Светска здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис.

Таа додаде дека СЗО ги прегледува податоците од фазите на трите тестирања на вакцините на неколку производители.

– Вакцините се уште немаат дозвола (од СЗО) за употреба во итни случаи, бидејќи најважна работа е прво да се погрижиме за безбедноста, посочи Харис.

Поврзани новости