СЗО: Се планира евакуација на три болници во Газа

by Fokus

Портпаролот на Светската здравствена организација Кристијан Линдмајер денеска изјави дека три болници во Газа побарале помош за евакуација на пациентите и додаде дека во тек е планирање.

– Меѓу нив се и болницата Ал Шифа, од која веќе се спасени група бебиња, како и индонезиската болница и болницата Ал Ахли – изјави Линдмајер на брифинг со новинарите во Женева, а пренесе Ројтерс.

Според палестинското Министерство за здравство, повеќе од две третини од болниците во Појасот Газа престанале да работат поради израелските напади, додека останатите девет болници се делумно оперативни.

Од почетокот на нападот, 18 болници се затворени и евакуирани, вклучително и три болници во изминатите три дена: Ал-Наср, Рантиси и Ал-Кудс.

Поврзани новости