СЗО: Приближно сто луѓе загинаа при напади врз болници во Украина

by fokus

Најмалку 98 лица загинаа во речиси 500 напади врз здравствени институции во Украина од почетокот на руската инвазија, објави Светска здравствена организација (СЗО).

Шефот на европскиот оддел на СЗО, Ханс Клуге, ги оквалификува тие напади како неприфатливи.

Најмалку 134 лица се повредени во нападите врз вкупно 473 објекти поврзани со медицинска нега, покажуваат податоците на СЗО. Во 399 напади биле погодени здравствени установи, при 127 напади биле уништени медицински материјали, во 69 биле погодени возила вклучително и амбулантни возила, 58 напади погодиле медицински персонал, при 24 напади настрадале пациенти и 12 во погодени се магацини.

– Овие закани не се само кршење на меѓународното право. Тие се и пречка за многу луѓе на кои им е потребна здравствена заштита за време на војната, изјави претставникот на СЗО во Украина, Јарно Хабихт за новинарите во Женева преку видео-врска од бункер во градот Днепар.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреисус, истакна дека украинскиот здравствен систем бил погоден, но не е уништен.

Поврзани новости