СЗО: Премногу брзо укинување на вонредните мерки е рецепт за катастрофа

by Fokus

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди дека пребрзото укинување на вонредните, превентивни, антиепидемиски мерки е – „рецепт за катастрофа“.

Шефот на СЗО истакна дека земјите кои сериозно се однесуваат кон отворањето на економијата и општеството мора да имаат сериозен однос кон спречување на ширење на коронавирусот и оцени дека тоа не е „невозможна рамнотежа“.

Тој повтори дека најважни превентивни мерки за секоја земја и поединец се: спречување на ризични настани, заштита на ранливи социјални групи, лична одговорност и самозаштита, наоѓање, изолирање, тестирање и лекување на сите болни со проверка на контактите што претходно ги оствариле.

Поврзани новости