СЗО предупредува да не се избрзува со укинување на мерките против корона вирусот

by fokus
Светската здравствена организација нема препораки за земјите и регионите за олеснување на мерките поради забавувањето на ширењето на пандемијата од корона вирусот.
-Но, од нив бараме да не ги укинуваат избрзано, изјави денеска портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер, пренесува Гласот на Америка.
„Едно од најважните упатства е да не се откажеме од мерките прерано за да не дозволиме повторно да ни се зголеми бројот на заболени, рече Линдмаер на виртуелниот брифинг со новинарите во Женева.

-Тоа е слично како и самите да се разболете и доколку станете прерано од кревет и прерано почнете да трчате, ризикувате да се вратите во кревет и да имате компликации“ додаде тој.

Поврзани новости