729
Веруваме дека придобивките од вакцината против коронавирусот на „АстраЗенека“ го надминуваат ризикот од потенцијален развој на тромб, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО наведува дека сè уште ја испитуваат безбедноста на вакцината откако дваесетина земји во ЕУ ја прекинаа употребата по извештаите дека кај некои пациенти се појавил тромб по вакцинацијата.
Светската здравствена организација истакнува дека тие сè уште веруваат дека придобивките од вакцината против болеста, од која починаа повеќе од 2,6 милиони луѓе, ги надминуваат ризиците.
Од 17 милиони луѓе вакцинирани со оваа вакцина во светот, пријавени се 40 случаи на тромбоза и белодробна емболија и неколку смртни случаи, што доведе до сомнежи за безбедноста на вакцината.