СЗО: Повеќе луѓе во Газа би можеле да умрат од болести отколку од бомбардирање

by Fokus

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска предупреди дека повеќе луѓе во Појасот Газа би можеле да умрат од болести отколку од бомбардирање.

Тој рече дека постои зголемен ризик од појава на болести бидејќи засолништата се преполни и немаат храна, вода, лекови и санитарни услови.

Како што наведУва организацијата, 111.000 лица имаат респираторни инфекции, а 75.000 имаат дијареа, а голем дел од болните се на возраст под пет години.

„Со оглед на условите за живот и недостатокот на здравствена заштита, повеќе луѓе би можеле да умрат од болести отколку од бомбардирање. Станува збор за живот или смрт за цивилите“, рече Гебрејесус и повика на траен прекин на огнот.

Според податоците на ОН, во војната предизвикана од нападите на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, околу 1,8 милиони или 80 отсто од жителите на Газа биле раселени.

Поврзани новости