369
Многу земји не го достигнаа врвот на епидемискиот бран на високо преносливата oмикрон варијанта на коронавирусот, затоа мерките за сузбивање на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат, изјави денеска Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот оддел за Ковид- 19 во Светската здравствена организација.
Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан ги повика државите самостојно да го трасираат својот пат за излез од пандемијата, а не слепо да ги следат другите и да ги ублажуваат рестриктивните мерки.
– Ако брзо ја отворите вратата, подобро би било и да можете да ја затворите прилично брзо, предупреди Рајан.