67
Светската здравствена организација (СЗО) повика да се вакцинираат децата кои не биле вакцинирани против мали сипаници за време на пандемијата Ковид-19, нагласувајќи дека болеста минатата година се појавила во повеќе од 50 земји.
Малите сипаници се многу заразна вирусна болест која предизвикува симптоми слични на грип и осип. Тоа понекогаш може да биде фатално, но може да се спречи со две дози од вакцината.
„Поради пандемијата „Ковид-19“, речиси 60 милиони деца ширум светот пропуштија да се вакцинираат“, рече Кејт О’Брајан, директорката за имунизација на СЗО, истакнувајќи дека е „навистина од клучна важност“ тоа да се надокнади.
На вакцинација против морбили вчера повика и Американскиот центар за контрола и превенција на болести.