СЗО: Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела на Ковид-19

by Fokus

Помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон коронавирусот, а вакцинацијата е единствениот начин да се постигне имунитет на стадото, изјави Сумија Суминанатхан, главен истражувач во СЗО.

Во интервјуто, објавено на Твитер профилот на организацијата, Суминанатхан истакна дека СЗО ги следи студиите што ги анализираат жариштата на инфекцијата во некои градови низ светот. Иако истражувањата покажуваат дека понекогаш речиси половина од населението во големите, густо населени градови имаат антитела кон коронавирусот, ова не ни дозволува да зборуваме за постигнување имунитет на стадо.

– СЗО ги следи овие серо-епидемиолошки студии и ако ги погледнеме заедно, ќе видиме дека помалку од 10 отсто од светската популација има антитела кон вирусот, рече Суминанатхан.

Единствениот начин да се постигне имунитет на стадо во целиот свет е преку вакцинација, рече Суминанатхан.

 

Поврзани новости