531
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја повика Европа да биде внимателна пред зимата поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот и сезонскиот грип.
„Ова не е време за опуштање“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге на онлајн прес-конференција.
На почетокот на есента, европскиот регион, кој опфаќа 53 земји повторно беше епицентар на епидемијата на коронавирусот, а во исто време беше забележана и сезонска инфекција со грип.
„Вакцинацијата останува една од нашите најефективни алатки против грип и коронавирусот“, рече Клуге.