Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за глобална здравствена закана, а експертите предупредуваат дека нејзиното влијание врз смртноста е еквивалентно на пушење 15 цигари дневно.
– Осаменоста ги надминува границите и станува глобален јавно здравствен проблем кој влијае на секој аспект на здравјето, благосостојбата и развојот. Социјалната изолација не познава ниту возраст, ниту граници – изјави Кидо Мпемба, претставник на Африканската унија во СЗО, пренесува „Гардијан“.
Американскиот хирург Вивек Марти истакнува дека здравствените последици од осаменоста се исто толку лоши како пушењето 15 цигари дневно и се посериозни од оние поврзани со дебелината и физичката неактивност.
Иако осаменоста често се доживува како проблем на населението во развиените земји, Марти рече дека секој четврти постар човек е осамен во сите региони во светот. Кај постарите возрасни лица, осаменоста е поврзана со 50 отсто зголемен ризик од развој на деменција и 30 отсто зголемен ризик од мозочен удар.
Осаменоста влијае и на животот на младите – меѓу пет и 15 проценти од адолесцентите се осамени (12,7 проценти во Африка и 5,3 проценти во Европа).
Податоците ги објави меѓународната комисија на Светската здравствена организација.