СЗО: Одделот за итни случаи во болницата во Газа е натопено во крв

by Fokus

Итната служба во болницата Ал-Шифа на северот на Појасот Газа, уништена од израелските бомбардирања, е „натопена во крв“ и сега некогаш најголемата болница на палестинската територија треба да се „реанимира“, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Тим од СЗО и други агенции на ОН денеска доставија медицински материјали во болницата. „Десетици илјади прогонети“ се засолниле во болничкиот комплекс, се вели во денешното соопштение на СЗО, во кое се додава дека немаат вода за пиење и храна.

„Тимот го опиша одделот за итни случаи како „крвава бања“, со стотици ранети и нови пациенти кои пристигнуваат секоја минута“, соопшти СЗО, додавајќи дека пациентите се шијат на подот и дека болницата е речиси без аналгетици.

Болницата работи на минимум со многу малку луѓе, а критичните пациенти се транспортираат во болницата Ахли Арап на операции. Оперативните сали повеќе не работат бидејќи немаат кислород и на самата болница „и треба реанимација“, велат од СЗО. Дијализа можат да добијат само 30 пациенти.

СЗО изрази подготвеност да и помогне на болницата „во наредните недели“ за да може да ги продолжи своите основни функции.

Поврзани новости