СЗО: Од новиот коронавирус во светот заразени се 218.000, а починаа 8.810 луѓе

by Fokus

Во светот од почетокот на ширење на новиот коронавирус регистрирани се 218.000 заразени, додека 8.810 луѓе починале, покажуваат најновите податоци на Светска здраствена органзиација (СЗО).

Во Кина регистрирани се 34 нови заразени лица, кои се вратиле од странство, а не е забележена локална трансмисија на Ковид-19. Вкупно во Кина регистрирани се 80.928 пациенти, од кои 3.245 починаа, а 70.420 се излекувани.

По Кина, најпогодена земја е Италија, каде бројот на инфицирани за 24 часа се зголеми за 4.207 нови случаи. Според СЗО, во Италија регистрирани се 35.713 заразени лица, од кои 2.978 починаа.

Француските власти пријавија 89 смртни случаи од вкуно 264 заразени луѓе.

Поврзани новости