Светската здравствена организација денеска соопшти дека регистрирала 703 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, јави ДПА.
„Ова е јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и правилата за војна”, рече регионалниот директор на СЗО Ханс Клуге во Киев. Според него, ова е најголемиот напад врз здравствената заштита на европско тло од Втората светска војна.
„Континуираните напади врз здравствената и енергетската инфраструктура значат дека стотици болници и здравствени установи веќе не се целосно функционални, немаат вода и електрична енергија за да се задоволат основните потреби”, рече тој.
Според него, „половина од енергетската инфраструктура на Украина е или оштетена или уништена”.
„Денес 10 милиони луѓе – четвртина од населението – се без струја”, рече Клуге