454
Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БСЖ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот корона вирус.
СЗО наведе и дека во тек се две клинички испитувања за БСЖ вакцината. Во недостиг на докази, СЗО не препорачува БСЖ вакцинација како превенција од Ковид-19.
Но, СЗО и понатаму препорачува неонатална БСЖ вакцинација во земјите или опкружувањата со голема инциденција на туберколоза.